Селекцијата на Саудиска Арабија единствена успеа да ја совлада Аргентина во последните две години, во официјални и пријателски натпревари.

Светскиот шампион обелодени дека ќе одигра пријателски натпревар против Австралија во Пекинг на 15 јуни, а четири дена подоцн на, 19 јуни, ќе гостува во Џакарта кај Индонезија. Се предвидува дека Лионел Меси ќе биде дел од делегацијата и ќе настапи на споменатите натпревари.

Меси ќе ја посети Кина за првпат од 2017 година, а по денешната официјализација, барањата за влезници се очекува да бидат над стотина илјади./Gol.mk

Прикажи повеќе