Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо се изјасни по победата против Атлетико Мадрид. Барселона со 4-2 триумфираше над Атлетико Мадрид, а уругваецот го постигна третиот гол за Каталонците. По натпреварот, Араухо откри дека целта била да се заземе четвртото место и тоа е  постигнато со голема победа.

„Публиката на Камп Ноу, многу ни помогна. Важно беше да победиме. Натпреварот помина според планот, среќни сме. Атмосферата на овој натпревар беше блиску до натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите. Многу сум среќен поради победата и трите бода, одигравме добар натпревар. Повторувам нашата цел беше четвртата позиција“, изјави тој.

Во меѓувреме, Барселона се уште далеку од Реал Мадрид, кој има 12 бода повеќе и еден натпревар помалку.

Прикажи повеќе