Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека ремито со Хетафе би бил фер резултат. Тимот од Мадрид загуби со минимален резултат 0:1.

– Добро реагиравме на примениот гол и добро делувавме 10 минути, но потоа бевме нервозни, губевме топки и губевме дуели. Сепак нерешено би било фер резултат, бидејќи можеби не заслуживме да загубиме. Не постигнавме гол и загубивме, тоа може и треба да биде повик за будење на тимот, изјави Анчелоти за „Марка“.

И покрај поразот, Реал остана на врвот на Ла Лига со 46 бода од 20 натпревари, пред Севилја која има 38 бода од 18 натпревари.