Тренерот на Реал Мадрид  не бараше индивидуални грешки по поразот од Гетафе и не бараше вина кај својот дефанзивец, бидејќи според него потфрлиле сите фудбалери кои се појавија на теренот.

– Очигледно е дека тимот си зема дополнителен ден одмор по паузата која ја имавме, а истото важи и за тренерот. Реагиравме добро во првите десет минути по примениот гол, а потоа станавме нервозни, губевме непотребни топки и губевме дуели. Му подаривме гол на играч кој го истакнавме како закана. Јасно е дека се однесувавме како да имаме дополнителен ден одмор, не изгледавме на тимот кој ја заврши 2021-ва година. Ова треба да послужи како добро предупредување, бидејќи не смееме да мислиме дека уште сме на одмор. Сепак, нема простор за паника. Ова не е трагедија, остануваме лидери и гледаме на следните предизвици со голема мотивација, – изјави Анчелоти.