Серхио Рамос во неделата го постигна својот прв гол во дресот на ПСЖ, а иако поминаа три дена од победата на „светците“ од 4:0 против Ремс, денеска посебно популарно стана едно интеврју на „Амазон прајм“.

Тјери Анри и Лудовик Жули беа задолжени да комуницираат со Рамос по крајот на средбата која се одигра на „Паркот на принцовите“, но наместо право на прашање, Анри го искористи својот збор за да излезе со интересен и комичен заклучок.

Со оглед на неговото минато во Реал Мадрид каде испиша фудбалска историја, Анри во фокусот ја стави белата јакна која ја носеше стоперот, па конверзацијата доби навистина необичен тек.

– Не, не, нема да биде прашање. Се уште добро ти стои белата боја, – му порача Анри, а Рамос возврати.

– Го променив тимот, но остануваме со истите бои. Сметам дека се уште добро ми стои белата боја, – возврати Рамос со насмевка на лицето.

Видеото погледнете го ТУКА