Во анонимно писмо, кое падна во рацете на силите на редот на Сент Паули, се бара играчите на германскиот шампион Баерн, Роберт Левандовски, Мануел Нојер и Серж Гнабри да бидат застрелани како „валкани баварски свињи“.

Полицијата во Хамбург внимателно го испитува писмото, надевајќи се дека ќе најде отпечатоци од прсти или ДНК. Германските власти и клубот од Баерн се ставени во состојба на готовност за овој случај.

Германскиот весник „Билд“ објави дека писмото пристигнало во Сент Паули, со седиште во Хамбург, на 12 јануари и било насловено: „Спаси ја лигата, спаси го фудбалот“! Пожар и смрт на валкани баварски свињи“.
Авторот на писмото освен што повикува да се стреллат Левандовски, Нојер и Гнабри, тој им се заканува и на судиите во Бундеслигата.

Германската државна канцеларија за криминалистичка полиција стапи во контакт со колегите ширум земјата за да види дали е испратено некое друго писмо и исто така ја извести Фудбалската Федерација.

Портпаролот на полицијата за Билд изјави: „Истрагата се води поради сомневање за нарушување на јавниот ред, со закана дека ќе се изврши кривично дела. Истражуваме за да откриеме од каде доаѓа оваа закана,,.

Баерн е на добар пат да ја освои титулата во Бундеслигата по 10-ти пат по ред, бидејќи има шест бода повеќе од Борусија Дортмунд и покрај шокантниот пораз од Бохум минатиот викенд.