Македонија не згреши и оствари победа над Исланд со 3-1 во последниот меч од групната фаза од квалификациите за Светското првенство, резултат со кој го потврдивме второто место во групата и со тоа останавме во игра за пласман на мундијалот и тоа преку бараж битките.

Ова е уште еден одличен резултат на националниот тим и истиот го поздрави и поранешниот селектор Игор Ангеловски со кого минатово лето игравме на Европското првенство.

-Честитки за пласманот во бараж натпреварите за СП во Катар. Повторно ја направивте Македонија горда, секоја чест, -напиша популарниот Мрме Инстаграм.

Ждрепката за баражот ќе се одржи на 26-ти овој месец.