Црниот дроб ги филтрира штетните материи од телото и затоа неговото здравје е од исклучителна важност за човекот. Кога станува збор за оштетување на црниот дроб, обично веднаш се помислува на алкохол, но истражувањата покажуваат дека на овој орган во човековото тело значително поголема штета прават други, можеби и попопуларни пијалоци…

Тоа се засладените газирани пијалаци, покажува истражување на здравствените стручњаци од американскиот Медицински универзитет на Бостон, а трудот е објавен во списанието „Clinical Gastroenterology and Hepatology“. Во новообјавениот заклучок, научниците посочуваат дека набљудувале учесници со просечна возраст од 63 години и 48 години. Нешто повеќе од половина учесници биле жени.

Доброволците пријавиле колку често пијат засладени газирани сокови, па резултатите говорат дека „неалкохолниот“ мастен црн дроб може да предизвика цироза на самиот орган, но и бенигни проблеми, како што е зголемен црн дроб.

Неалкохолниот стеатохепатитис може да се спречи со исфрлање на засладените пијалаци од исхраната. За често консумирање се смета сè она – меѓу еден и повеќе пијалаци на ден.

И луѓето кои само повремено пијат засладени пијалаци – што значи еднаш месечно или помалку од еднаш неделно, исто така имале малку повеќе насобрани масти во црниот дроб од луѓето кои не пијат такви напитоци.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.