Сенатот на САД едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник. Резолуцијата беше претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни.

„Сите ние се здруживме, демократите и републиканците, за да кажеме дека Владимир Путин не може да ја избегне одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, рече лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер во говорот на сенатот пред почетокот на седницата.

Русија ги нарекува своите дејствија „специјална воена операција“. Путин, исто така, ја нарече Украина колонија на САД со марионетски режим и без традиција на независна државност.

Прикажи повеќе