Стив Кер и официјално е новиот селектор на кошаркарската репрезентација на САД, објавија американските медиуми.

Тој доаѓа на местото на Грег Попович по освоеното злато на неодамнешните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Токио, а ќе остане на кормилото на следните две големи натпреварувања, Мундобаскетот во 2023 година и следните ЛОИ во Париз во 2024 година.

Во стручниот штаб на Кер ќе се најдат тренерите на Феникс и на Мајами, Монти Вилијамс и Ерик Сполстра, како и долгогодишниот „шеф“ на Универзитетот Гонзага, Марк Фју.