Амбасадата на САД во Подгорица соопшти дека се длабоко шокирани и потресени од трагичните настани во Цетиње кога загинаа 12 лица, а четворица беа тешко ранети.

Амбасадата на САД упати искрено сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посака целосно закрепнување.

„Нашите мисли се со граѓаните на Цетиње и на цела Црна Гора во ова тешко време“, соопшти американската амбасада на „Фејсбук“.