Пар алки кои и припаѓале на француската кралица Марија Антоанета е продаден на аукција за 7,46 милиони швајцарски франци, што е неколку пати повеќе од проценкаѕа, објави аукциската куќа Christie’s.

Меѓународниот директор во одделот за скапоцени камења во аукциската куќа, истакна дека алките речиси 200 години биле во семејството.

Името на купувачот не е објавено.

Се работи за две алки, секоја има по три низи дијаманти, вкупно 112.

Марија Антоанета од затворот во Париз пратила писмо во кое навела дека дрвениот ковчег со накит треба да биде пратен во Австрија. Нејзината ќерка Марија Тереза го примила ковчегот, објави аукциската куќа.

Алките му припаѓале на европско кралско семејство и се очекувало да бидат продадени по цена од два до четири милиони долари.