Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа учеството на Мастерс турнирот во Монте Карло. Претходно настапот на овој турнир го откажа и славниот сонародник на Алкараз, Рафаел Надал.

Advertisements

Алкараз во кариерата само лани играше во Монако, кога во второто коло беше елиминиран од Себастијан Корда.

„После два месеци во странство, среќен сум што се враќам дома, но тажен што последниот меч во Мајами го завршив со болки. По посетата на лекарот во Мурсија и прегледите, нема да можам да одам во Монте Карло и да ја започнам турнејата на земјена подлога“, најави Алкараз.

Карлитос додаде дека има проблеми со левата рака и рбетот и дека му е потребен одмор. Алкараз имаше многу проблеми со повредите на крајот на минатата и на почетокот на оваа година, кога го пропушти и Австралија опен.

Успеа да ги освои Буенос Аирес и Индијан Велс, загуби во финалето на Рио де Жанеиро, но и во полуфиналето на Мајами, од Јаник Синер. Во понеделникот падна од првото место на АТП листата, а следен турнир треба да му биде Барселона. Таму, како и на Мастерсот во Мадрид, ја брани титулата.

Прикажи повеќе