Проблемите со повреди и заразените играчи направија проблем во Хрватска, а селекторот Хрвоје Хорват реши да повика нов искусен голман во националниот тим среде ЕП 2022 и го покани Мирко Алиловиќ.

Откако голманот Мате Шуњиќ доби позитивен тест, Хорват мораше да реагира. Размислуваше меѓу Шего и Алиловиќ, а изборот падна на Мирко Алиловиќ. Информацијата е по малку изненадувачка, затоа што Алиловиќ се прости од националниот тим пред четири години, по Европското првенство во 2018 година.