Рускиот суд го прогласи Алексеј Навални виновен за „измама од големи размери“. Опозициониот политичар важи за најпознат критичар на рускиот претседател Владимир Путин.

Според судијката Маргарита Котова, Алексеј Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и со злоупотреба на довербата“. Во пресудата стои дека станува збор за дело „измама од особено големи размери“, а обвинетиот е осуден по сите четири точки од обвинението, меѓу другото и за непочитување на судот.

Висината на казната не е позната, a Обвинителството бараше 13 години затвор.

Адвокатите на Алексеј Навални сметаат дека процесот е политички мотивиран и бараат ослободителна пресуда за својот клиент.

Прикажи повеќе