Екипата на Јувентус забележа нов пораз во Италијанската Серија А , овојпат од Верона на гостински терен со 2-1. Стратегот на Јувентус Алегри смета дека нема потреба од загриженост и дека тимот ќе успее да се издигне од овој период , но во моментот е реален дека наликуваат на екипа од средината на табелата.

„Зборовите се безначајни во моментов. Вво лоша ситуација сме, треба да ја прифатиме реалноста, сега сме тим од средина на табелата. Од оваа ситуација можме еда излеземе со малку повеќе посветеност и квалитет“, вели Алегри.

„Ќе излеземе од оваа ситуауција. Нема потреба да се сожалуваме, тоа нема да помогне, треба само да се фокусираме и да го правиме тоа што треба и работите сами по себе ќе се средат“. Ако го носите дресот на Јувентус тоа не ви дава гаранција дека можете да го победите секој тим од средина на табелата. Треба секој бод да го заработиме со вистински приод. Фудбалот е фудбал, треба да се борите на теренеот на исто ниво со сите противници. Против Сасуоло загубивме многу дуели и воздушни дуели, и тие не се многоу физичка екипа.

„Верона знаеше како треба да игра за да го победи Јувентус. Нашата грешка беше што мислевме дека сме подобри од Верона, но во моментов не сме. Мора да бидеме реални“ , заврши Алегри.