Вчера се одржи првото полуфинале на 66. Евровизија што годинава се одржува во Торино, а прва настапи Албанија.

Албанската претставничка Ронела Хајати се претстави со енергичен и малку провокативен настап.

Според коментарите, јавноста негодува што Албанија не се најде на листата финалисти.

Во коментарите се вели дека земјата имала најубава песна и неправедно испаднала.