Улиците и плоштадите во Албанија денеска беа преплавена со илјадници луѓе кои се собраа за да го прослават Денот на летото. Во Тирана и главниот град на овој празник, Елбасан, пред гостите беа претставени бројни активности за сите групи, почнувајќи од деца до возрасни. Основците се натпреваруваа во влечење јаже, игри со стол и борење со рака. Беа импровизирани и терени за тенис, кошарка, пинг-понг, а куклениот театар изведуваше различни претстави за деца.

Плоштадот Скендербег се претвори во место за забава за возрасните кои имаа можност да се сликаат со колекцијата на ретро автомобили. Вљубениците во возилата имаа можност да се запознаат и со спортски автомобили и мотоцикли, во друштво на избрана музика.

Прославата на Денот на летото трае со денови во Елбасан. Ова е можност, не само да се зачува и збогати традицијата, туку и да се промовираат вредностите на градот. Балокумите се традиционални колачи на овој празник. Во Елбасан се прават само за овој ден. Детаљ на овој празник е и носењето плетени алки околу рацете од бели и црвени конци кои според традицијата, се носат додека да дојдат ластовичките. Во некои региони, мартинките потоа се стават на гранките на дрвјата. /Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе