Каков ефект ќе има една или неколку чаши вино на вашето тело зависи од многу фактори, а особено од неговата разновидност.

Знаејќи некои детали, можете да се заштитите од несакани калории, па дури и да ја подобрите состојбата на своето тело.

Црно вино

Една чаша (околу 175 милилитри) од ова вино во просек содржи околу 148 калории. Тоа е колку една рака бадеми или пакетче пуканки. Голема чаша од 250 милилитри содржи 211 калории, како една лажица путер од кикирики или чинија со јаболка.

Во шише вино има 644 калории – што по калориска вредност одговара на чизбургер со порција помфрит. Од сите сорти, црното вино е најхранливо, но и најздраво. Содржи хранливи материи (ресвератрол и кверцетин – најсилните антиоксиданти) и според многу експерти, може да се користат како превенција од кардиоваскуларни заболувања.

Бело вино

Чаша од 175 милилитри содржи 142 калории, отприлика како една голема банана. Големо шише содржи околу 605 калории. Можеме да кажеме дека ова е цела порција сладолед од карамела. За жал, покрај богатиот вкус, белото вино има значително помалку корисни материи од црното.

Розево вино

Дали ви се допаѓа да пиете разладено розе? Имајте на ум дека мала чаша, скоро како во случајот со црно вино, ќе ви донесе 147 калории. Размислете, можеби вреди да го замените виното со чаша од вашето омилено капучино? По содржината на калории, овие пијалоци се исти, но од виното ви е потешко да спиете, додека од кафе, напротив можете да чувствувате дополнителна енергија.