Да се биде досаден е една од најнепосакуваните човечки особини, а многу занимања и хоби ја носат стигмата на досада.

Затоа, луѓето честопати имаат тенденција да прогласат некој за здодевен врз основа на нивната работа или начинот на кој го поминуваат слободното време.

Вајнанд ван Тилбург, психолог кој долго време ја проучувал здодевноста, изјави за Би-Би-Си дека луѓето кои се перцепирани како здодевни често се социјално маргинализирани и предупреди дека предрасудите и стереотипите не се секогаш точни.

Без разлика, вели тој, стигмата на досадата има големи негативни последици, истакнувајќи дека досадата обично се поврзува со недостаток на компетенции и емоционална недостапност.

Подобри електрошокови отколку досада

Во студијата спроведена на Универзитетот во Вирџинија во Шарлотсвил во 2014 година, испитаниците биле оставени во соба без мобилни телефони, компјутери и книги, пишува Би-Би-Си.

Единствено „интересно“ во таа просторија бил уредот кој испушта струен удар.

Резултатите од истражувањето се донекаде зачудувачки: 18 од 42 испитаници решиле да ја сопрат својата досада со барем еден струен удар, иако знаеле дека ќе ги шокира струја.

Слична студија беше повторена неколку години подоцна, во која испитаниците можеа да изберат дали да гледаат една иста снимка од филм од 85 секунди еден час или да си играат со играчка што ќе ги тресе. Многумина ја избраа втората опција. Физичката непријатност за луѓето е често поприфатлива од обичната досада.

Освен тоа, познато е дека досадата им е многу потешка на луѓето кога има алтернатива. На пример, ако на забава разговарате со некој што е досаден додека ги слушате луѓето околу вас како се забавуваат, тоа чувство ќе биде полошо отколку да го немате овој друг елемент.

Симбол на досада – сметководител кој гледа телевизија во слободно време

Во соработка со научници од Лимерик и Лондон, Ван Тилбург спровел истражување за досадата, а прашалникот го пополниле 115 луѓе.

Испитаниците ги издвоиле внесувањето и обработката на податоците, сметководството и работата во даночната администрација како најздодевни занимања или работни места, додека се истакнувало како хоби, гледањето телевизија, спиењето и одењето во црква на миса.

Во однос на особините, испитаниците изразиле став дека здодевните луѓе се генерално ексклузивни, со тесен опсег на интереси, без смисла за хумор и без изразен став за повеќето работи.