Академија ФМП им се врати на победите откако во 12. коло славеше на домашен терен против новлијата Феникс 2010 со 95-75. „Академиците“ имаа фантастична шутерска вечер со 17 погодени шута за три поени од 32 обиди.

Лука Стојановски со 20 поени беше најефикасен кај Академија ФМП, додека него го следеа Ајви и Бакоч со по 17 поени на кои Американецот додаде и 7 скока и 6 асистенции, додека Македонецот 7 скока.

Кај гостите Андреј Митревски и Куртис Џоунс постигнаа по 19 поени проследени со 5, односно 4 скока, додека двоцифрени со по 13, односно 11 поени беа и Морган и Кларк.