Сообраќајни експерти констатирале голем број грешки на реконструираната делница на автопатот Струма во Бугарија, каде се случи сообраќајната несреќа со автобусот на „Беса-транс“. Делницата минатата недела беше повторно пуштена за сообраќај, но експерти на Европскиот центар за транспортни политики тврдат дека новите знаци на патиштата, новата поставена патна сигнализација и заменетите заштитни огради, се со крајно незадоволителен квалитет.

Во однос на неправилно поставените знаци, оттаму велат дека постои голема можност за доведување на возачите во заблуда, односно дека се создава дополнителна опасност, наместо безбедност на патиштата. Од Европскиот центар ја повикаа бугарската Агенција за патна инфраструктура да ја преиспита компетентноста на своите вработени, пренесуваат медиуми во Бугарија.

Прикажи повеќе