Нема да има линиски судии на Австралија опен во 2022 година поради пандемијата на коронавирус, објави Хералд Сан.

Како што е наведено, ова ќе помогне да се намали бројот на луѓе на теренот.

Судиите ќе бидат заменети со технологијата „Hawk-Eye Live“, која ќе ги следи линиите во реално време.

Покрај тоа, сите „собирачи“ на топчиња мора да бидат вакцинирани за да работат на турнирот.

Исто така, тенисери ќе мора сами да си ги земаат крпите, а не како што беше досега кога им ги носеа момчињата и девојчињата ангажирани од организаторот на турнирот. Така беше и на последниот УС опен.

Грен слемот во Мелбурн ќе се одржи од 17 до 30 јануари.