Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека Роман Абрамович е присутен на руско-украинските мировни преговори во Истанбул.

Потсетување, портпаролот на олигархот и милијардер потврди дека се сомневаат оти Абрамович бил отруен откако бил присутен на претходните преговори меѓу Украина и Русија.

Кремљ порано соопшти дека Абрамович имал улога во мировните преговори, но процесот сега е само во рацете на преговарачките тимови на двете страни.

Труењето, се сомневаат лица од потесното опкружување на бизнисменот, се случило во Киев претходно месецов. The ​​Wall Street Journal пишува дека наводно зад труењето стојат тврдокорни струи од Москва на кои не им оди во прилог крајот на војната.

Од друга страна, американските разузнавачи соопштија дека е можно тој воопшто да не бил отруен. „Ројтерс“ цитираше неименуван американски функционер кој вели дека разузнавачките служби сугерираат оти симптомите што ги почувствувале Роман Абрамович и двајцата украински мировни преговарачи биле резултат на „влијание на средината“ наместо на труење./Makfax