Мултиинструменталистот од Нов Зеланд, Џонатан Бри, вечерва ќе има концерт во Младинскиот културен центар.
Неговото музичко видео за „You’re so cool“ стана сензација на каналот Јутјуб привлекувајќи ги гледачите со неговиот уникатен маскиран бенд и морничавата надреална продукција.
На 19 години тој го формирал бендот „The Brunettes“ пишувајќи и продуцирајќи четири албуми и четири EP за нив. „Brunettes“ продолжиле потпишувајќи со „Sub Pop“, пред да се распуштат во 2010 година. Бри потоа исчезна, а повторно оживеа на музичката сцена во 2014 година како соло уметник со неговиот маскиран барокен бенд.
Има издадено три соло албуми, а во моментов снима материјал за неговиот четврти албум и се подготвува за својата светска турнеја во 2019 година.

loading…