Германскиот канцелар Олаф Шолц ја повика Европа да се обедини за поддршка на Украина, неколку часа пред пристигнувањето во Париз на клучниот самит на европските лидери на кој ќе се разговара за заеднички став за мировните преговори.
На настанот одржан во склоп на кампањата во централниот германски град Касел, Шолц рече дека е важно да се направи се што е можно за да се осигура дека Европа ќе остане силна и обединета.
„Ова ни треба за Украина, ни треба ова за нашата сопствена безбедност“, рече Шолц, чии социјалдемократи заостануваат во германските анкети пред националните избори во недела.
Шолц подоцна денеска треба да отпатува за Париз, каде што ќе присуствува на состанокот чиј домаќин ќе биде францускиот претседател Емануел Макрон.
Текстот Шолц пред итниот состанок со Макрон: Европа мора да остане обединета е превземен од МАКФАКС.