Јаното претпријатие „Лајка“ во потрага по нов начин да ги удоми кучињата од прифатилиштето промовира настан што ќе се одржи на 16 ноември, од 11 до 14 часот, во нивните простории.
„Посетете нè, запознајте ги нашите преслатки кучиња и изберете го вашето куче што сакате да го промовирате. Фотографирајте се со кучето и објавете ја фотографијата на вашата ‘приказна’ означувајќи ја @jplajka и уживајте во коктелите направени од нашите поддржувачи Tito’s Handmade Vodka. Доколку избраното куче што го промовирате успее со ваша помош да најде дом, ќе освоите специјална награда за вашето домашно милениче од нашите спонзори!“, велат од „Лајка“.
Повикот е отворен за пријави од денес до 14 ноември на линкот.
#InfluencerForADogFromLajka #jplajka
Текстот Стани инфлуенсер за кучињата од „Лајка“ е превземен од МАКФАКС.