Шестото
издание
на
Филмскиот
фестивал
за
музички
документарни
филмови
Скопје
Синема
Сити
ќе
почне
на
19
септември,
во
дворот
на
Кинотека
на
С.
Македонија.

Фестивалот
е
поделен
во
два
блока:
едниот
дводневен
блок
ќе
почне
на
19
и
20
септември
и
во
него
ќе
бидат
прикажани
четири
филма,
а
другиот
дводневен
блок
ќе се одвива
на
2
и
3
октомври
и
ќе
прикаже
шест
филмови.

-Филмот
што
ќе
го
отвори
Фестивалот
е
„Декади“
на
Мајк
Кристи
за
бендот
„Њу
Ордер“, којшто е
воедно
и
„Артист
во
фокус“.
Секое
издание
на
Скопје
Синема
Сити
го
отвора
филм
за
одреден
артист,
на
кого
му се посветува
изданието
и
му се доделува
Награда
за
животно
дело
за
заслуги
за
музиката
и
филмот.
Оваа
година
тоа се „Њу
Ордер“,
на
кои
Фестивалот
им
ја
испрати
наградата
во
Манчестер,
информираат
од „Скопје
Синема
Сити“.

За
потсетување,
Фестивалот
досега
ги
има
наградено
со
истата
награда
Дејвид
Боуви
(2015),
Леонард
Коен
(2016),
Руичи
Сакамото
(2018),
Филип
Глас
(2019)
и
Влатко
Стефановски
(2019).

-Оваа
награда
ја
изразува
нашата
почит
за
музиката
на
бендот,
која
практично
претставува
саундтрак
на
нашите
животи
и
е
нераздвоен
дел
од
современата
култура.
Нивните
песни се совршен
спој
од
срце
и
душа,
исполнети
со
музички
иновации
и
смело
експериментирање.
Како
резултат
на
тоа,
нивната
музика
обележала
повеќе
музички
сцени
што се појавиле
почнувајќи
од
’80-тите
до
денес.
Тоа
ги
прави
да се достојни
на
нашата
восхит
и
почест,
истакнуваат
организаторите.

Вториот
филм
е
портрет
на
реномираниот
музички
фотограф
и
режисер
Антон
Корбејн,
„Изнесено
на
виделина.“

-Овој
холандски
фотограф
е
заслужен
за
неверојатни
портрети
на
некои
од
најголемите
музички
ѕвезди
последните
40 години.
Со
своите
фотографии
и
спотови
поврзува
познати
музички
ѕвезди
од
калибарот
на
Ник
Кејв,
Дејвид
Силвијан,
U2,
Depeche
Mode,
Metallica,
Nirvana,
Joy
Division,
Том
Вејтс,
Дејвид
Боуви,
REM,
The
Killers,
Стоунси,
Arcade
Fire
и
многу
други.
Овој
портрет
го
прикажува како работи
на
фотосесии
со
овие
луѓе, како и
на
своите
играни
филмови како „Контрола“,
биографскиот
филм
за
Joy
Division
и
„Американецот“
со
Џорџ
Клуни,
велат
организаторите.

Фестивалот
е
во
организација
на
здружението
Номад-Арт
Скопје,
а
визуелните
решенија се дело
на
Дијана
Димитриевска.
Фестивалот
е
помогнат
од
Агенцијата
за
филм
на
РСМ
и
е
организиран
во
соработка
со
Кинотека
на
С.
Македонија.