Јаник Синер експресно се пласираше во полуфиналето на Австралија опен. Најдобриот светски тенисер го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 6:3, 6:2, 6:1 за помалку од два часа игра.
Синер против Де Минор одигра речиси перфектен меч во кој на својот ривал му дозволи само една брејк топка. Од друга страна, Де Минор немаше решение за агресивната игра на Синер.
Првиот сет беше решен во петтиот гем, кога Јаник ја реализираше втората брејк топка и потоа без многу мака дојде до водство од 1:0.
Ништо не се смени и во вториот сет. Брејк во првиот гем, уште еден во петтиот и по час и 20 минути на Род Лејвер арената, Синер имаше два сета предност.
Третиот сет беше само формалност. Забележлово беше дека Де Минор полека се откажува. Синер набрзина стигна до 4:0 и лесно го заврши сетот.
Синер во петок ќе игра за место во финалето против Бен Шелтон. Американецот претходно го победи сонародникот на СИнер, Лоренцо Сонего, по речиси четири часа игра со 6:4, 7:5, 4:6, 7:6.
Синер и Шелтон досега одиграа пет натпревари и резултатот е 4:1 за Италијанецот. Американецот го доби само првиот меч во Шангајво 2023 година, а во следните четири не освои ниту еден сет против Синер.
Текстот Синер го декласира Де Монор, во полуфиналето го чека Шелтон е превземен од МАКФАКС.