Холивудската актерка Сара Џесика Паркер, позната по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја. Таа на својот инстаграм-профил напиша: „’Медена земја’ е неверојатна, визуелно зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“

Таа уште и додава: „Честитки до филмаџиите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодари што ни дозволивте да патуваме со вас во малечкото селце во Република Македонија, ќе ги следам и двајцата“.

Холивудската актерка филмот го погледнала во „Квад синема“ во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!

„Медена земја“ вечерва е на Филмскиот фестивал „Киненова“, а се прикажува и во Куманово, Битола, Свети Николе.