Само 169 бугарски државјани кои живеат во Македонија се пријавиле да гласаат на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април годинава.

Advertisements

Станува збор за лица кои ќе гласаат на избирачките места што на денот на изборите во Бугарија ќе бидат отворени во Северна Македонија, како и во други држави во Европа и светот.

Списоците на пријавени за гласање се објавени на веб-страницата на бугарското Министерство за надворешни работи од седум избирачки места во исто толку градови во земјава, ќе се гласа во шест: Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово. Избирачко место е предвидено и во Охрид каде беше отворен и бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, но за таму не се пријавил никој.

„Списокот не е предмет на објавување бидејќи нема лица кои изразиле желба да гласаат“, пишува за избирачкото место во Охрид.

Во шесте останати градови, пак, најмногу гласачи ќе има во Кавадарци и Прилеп, а најмалку во Битола што е градот каде се отвори бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

Прикажи повеќе