Шокантна вест доаѓа од Германија. Садио Мане ќе го напушти Баерн Минхен по само една година. Ова е најверојатното решение по скандалот во соблекувалната на Баерн Минхен откако Сенегалецот физички го нападнал Лирој Сане по поразот од Манчестер Сити (3:0) во првиот четврт-финален меч од Лигата на шампионите.
Раководството на Баерн Минхен разгледува неколку можни опции по големиот инцидент – парична казна, суспензија, па дури и итно раскинување на договорот, иако фудбалерот јавно се извинил за својата несовесна постапка.
Многу поверојатно е дека сепак Садио Мане ќе биде продаден во летниот преоден рок, иако дојде како големо засилување на „Алијанц арена“ минатото лето.