Веднаш штом Рубен Аморим стана нов тренер на Манчестер јунајтед, јасно беше дека во јануарскиот рок ќе се обиде максимално да го прилагоди ростерот на сопствената визија што значи дека некои играчи ќе го напуштат клубот, особено оние на кои договорите им истекуваат на крајот од сезоната.

Германскиот инсајдер Флоријан Платенберг тврди Јунајтед нема да му понуди нов договор на Кристијан Ериксен, што значи дека во јануари ќе се обидат да го продадат за клубот да добие барем некаков вид компензација.

Аморим сака освежување на сите позиции во средниот ред , наводно го сака во тимот Даглас Луиз. Бразилецот е незадоволен во Јувентус, бидејќи не успева да се снајде во системот на Тијаго Мота.

Ериксен пристигна во Јунајтед летото 2022 година, една година откако доживеа срцев удар на ЕП, а во меѓувреме половина сезона ја мина во Брентфорд, каде му се врати на фудбалот.

Текстот Рубен Аморим го пречкртал Кристијан Ериксен е превземен од МАКФАКС.