Американскиот претседател Доналд Трамп со својот лик многу брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашот, изјави рускиот претседател Владимир Путин за телевизијата „Русија 24“.
„Сега има некаков метеж меѓу европските политички елити и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Дали нешто се промени од времето на Бајден? Ништо не се промени. Тие беа среќни што ги извршуваа сите наредби на Вашингтон под Бајден“, рече Путин.
Како што истакна, на европските елити повеќе им се допаѓа Џозеф Бајден, додека Доналд Трамп има различни идеи за тоа што е добро, а што лошо, вклучително и за родовото прашање.
„Ве уверувам: Трамп, со својот карактер и со својата упорност, ќе го врати редот таму доста брзо. И сите, ќе видите – ќе се случи брзо, наскоро – сите ќе застанат пред нозете на господарот и полека ќе мавтаат со опашот. Се ќе си дојде на свое место, сигурен е Путин.
Тој додаде дека меѓу европските политичари нема рамен со Жак Ширак и Герхард Шредер, каде луѓето без образование прават нешто што не е нивна работа.
„Политичките џуџиња“ во Европа се обидуваат да ги забранат партиите кои не се присутни во мејнстримот, наместо да понудат атрактивна програма, рече Путин.
„Како да не знаат, ако денеска ги забранат, утре ќе се појави друга „алтернатива“, со друго име“, додаде рускиот лидер.
Текстот Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашот е превземен од МАКФАКС.