Во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, македонските репрезентативци утрово се на последниот тренинг пред заминување во Дебрецин.
Во текот на подготовките согласно протоколите за тестирање одреден од Европската Ракометна Федерација, направени се ПЦР тестови во три наврати и според резултатите од вчерашните ПЦР тестирања кај петмина кои денеска требаше да заминат на Европското ракометно првенство 2022, тестот на ковид е позитивен, соопшти Ракометната федерација на Македонија.
Македонската репрезентација денеска во 14:10 часот треба да замине за Дебрецин – Унгарија, а првиот меч од групната фаза нашите ракометари ќе го одиграат на 13 јануари (четврток) во 18 часот против репрезентацијата на Словенија.
Во групата се уште и селекциите на Црна Гора и на Данска.