Турција денес ќе учествува на два трилатерални состаноци во Истанбул, како дел од новите дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, пренесуваат агенциите.
Средбата меѓу турските, американските и украинските претставници е закажана за 9:45 часот наутро по европско време. Потоа американската страна ќе биде заменета со руската страна, а турската, руската и украинската делегација ќе одржат разговори во 11:30 часот по европско време, велат изворите, пренесува Ројтерс.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан се сретна со советникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, во четврток вечерта, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, имаа долги разговори.
Министерството за надворешни работи на земјата домаќин додаде дека „не е сигурно дека состанокот ќе се одржи во квадрилатерален формат (САД, Русија, Украина, Турција)“, објави АФП.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, вчера изјави дека нема напредок кон мир без средба меѓу него и рускиот лидер Владимир Путин, кој не сакаше да дојде во Истанбул.
Текстот Објавено кога ќе се одржат состаноците во Турција е превземен од МАКФАКС.