Во
издание
на
книгоиздателството
Ми-Ан
излезе
од
печат
изборот
од
македонската
народна
еротика
„(И)стории
од
долапот“.
Изборот
и
предговорот
се
на
Ана
Мартиноска.

Во
книгата
се
презентирани
македонски
еротски
приказни,
песни,
гатанки
и
пословици.
Мартиноска
вели
дека
книгата
е
значаен
придонес
во
македонската
фолклористика
и
претставува
осветлување
на
овој
не
многу
истражуван
феномен
од
народната
традиција.


При
составувањето
на
оваа
антологија,
како
и
на
претходната,
при
изборот
на
материјалите
се
водев
од
неколку
принципи,
и
тоа
од
историскиот,
што
го
прикажува
постоењето
на
еротскиот
фолклор
од
дамнешни
времиња
кога
не
секогаш
бил
дел
од
официјалната
народна
култура,
па
сѐ
до
некои
посовремени
форми,
а
уште
повеќе
од
жанровиот
принцип
што
го
докажува
присуство
на
еротски
форми
во
сите
жанрови
на
македонското
народно
творештво,
почнувајќи
од
приказните
и
анегдотите,
преку
поезијата,
па
сѐ
до
не-кои
од
кусите
фолклорни
жанрови.
Во
секоја
жанровска
категорија
умотворбите
се
подредени
по
азбучен
ред.
Тие
се
преземени
од
по-веќе
извори
и
собирачи,
од
различни
временски
позиции
и
од
по-веќе
краеви
во
Македонија,
од
Прилеп,
Охрид
и
Кочани,
па
сѐ
до
Струмица
и
Злетово,
вели
Мартиноска
за
книгата „(И)стории
од
долапот

избор
од
македонската
народна
еротика“.

Ана
Мартиноска
(Скопје,
1972)
е
професорка
и
научничка
во
областа
на
фолклорот,
литературата
и
културата,
колумнистка
на
родови
и
културолошки
теми,
феминистка.
Дипломирала,
магистрирала
и
докторирала
на
Филолошкиот
факултет
на
Катедрата
за
македонска
книжевност
и
јужнословенски
книжевности.
Од
1996
год.
д-р
Мартиноска
е
вработена
во
Институтот
за
македонска
литература
при
Универзитетот
„Св.
Кирил
и
Методиј“.