Во
новото
издание
на
списанието
„Македонски
архивист“
(број
27-28,
2020),
што
го
публикува
Државниот
архив
двапати
годишно,
се
објавени
актуелни
и
научно-историски
написи,
кои
го
привлекуваат
вниманието
на
читателската
публика.

Валентина
Трајаноска
пишува
за
вредностите
на
позначајните
документи
што
се
наоѓаат
во
депоата
на
Државниот
архив,
м-р
Елисавета
Марковиќ
својот
текст
им
го
посветува
на
значењето
и
улогата
на
архивистите
и
на
архивистиката
како
професија,
воопшто,
м-р
Емилија
Роп
дава
пресек
на
функционирањето
на
Парламентарниот
институт
и
неговото
влијание
поврзано
со
дигитализацијата
на
архивската
граѓа
во
Државниот
архив
и
со
прифаќањето
на
актуелните
европски
вредности
и
закони
од
страна
на
Архивот,
а
Светлана
Успрцова
ја
анализира
улогата
и
значењето
на
меѓународната
организација
за
семејна
историја
„Фемили
срч“,
која
што
е
најголема
генеалошка
организација
во
светот,
со
седиште
во
Солт
Лејк
Сите,
САД.

За
користењето
на
архивскиот
материјал
во
одделението
на
Државниот
архив
во
Тетово
во
периодот
од
1991
до
2019
година
и
за
севкупните
негови
активности
при
архивското
работење
пишуваат
м-р
Младен
Матовски
и
Ивица
Попоски.
Во
новиот
број
на
„Македонски
архивист“
свои
текстови
имаат
и
м-р
Виктор
Недески,
кој
дава
нови
факти
и
прави
компарации
за
ликот
на
свети
Григориј
Охридски
низ
призмата
на
неколку
архивски
извори,
а
м-р
Марина
Ѓоргиевска
пишува
за
улогата
и
значењето
на
Светозар
Раичевиќ
како
кустос
и
етнолог-антрополог.

За
функционирањето
и
значењето
на
Охридската
архиепископија
од
крајот
на
19-от
век,
па
се
до
нејзиното
укинување
во
1767
година,
пишува
Митрополит
тетовско-гостиварски,
г.Јосиф.
Во
рубриката
„документи
и
материјали“
д-р
Јасмина
Дамјановска
дава
објаснување
и
пресек
на
настаните
во
Македонија
поврзани
со
Евреите
и
списоци
на
Евреи
од
Скопје,
Битола
и
Штип
кои
биле
затворени
на
11
март
1943
година
во
Привремениот
концентрационен
логор
во
Скопје,
а
таа
заедно
со
д-р
Ленина
Жила
во
одделна
статија
даваат
приказ
за
разговорите
што
се
одвивале
меѓу
Крсте
Црвенковски
и
Тодор
Живков,
а
се
однесувале
на
„Македонското
прашање“
и
кои
се
одржале
на
5
декември
1966
година
во
Белград.

Новиот
број
на
„Македонски
архивист“
може
да
се
набави
во
библиотеката
на
Државниот
архив