Рафаел Леао наскоро ќе стави потпис на нов договор, тоа го потврди и директорот на росонерите, Паоло Малдини.
„Блиску сме многу. Се договоривме и за финалните детали. Не беше лесно, но успеавме“, рече Малдини.
Леао и Милан постигнале договор за соработка до јуни 2028 година. Тој би требало да добива плата од 5 милиони евра плус бонуси со што може да достигне до 7 милиони евра. Плус ќе добие два милиони евра бонус за потписот.