Кралот
на
валцерот,
познатиот
холандски
виолинист
и
светска
музичка
атракција
Андре
Риу,
ќе
ги
израдува
своите
фанови
со
своето
ново
издание
“Jolly
Holiday”
кое
премиерно
ќе
излезе
на
13
ноември
2020-та
година.
Од
Password
Production,
пак,
го
најавуваат
и
неговиот
концерт
во
Скопје,
кој
треба
да
се
одржи
една
година
по
издавањето
на
албумот,
поточно
на
12
ноември
2021
година.

Инаку,
“Jolly
Holiday”
ги
содржи
најпознатите
божиќни
мелодии
на
сите
времиња:
“Jingle
Bells“,
“We
Wish
You
a
Merry
Christmas“,
“White
Christmas“,
“Silent
Night“,
“O
Holy
Night“,
“The
Holy
City“,
“Walking
in
the
Air“,
“Sleigh
Ride“,
“Oh
When
the
Saints“,
“I
Will
Follow
Him“,
“Panis
Angelicus“,
“Amen“,
“Mary’s
Boychild“
или
“What
a
Wonderful
World“,
како
и
ексклузивен
поглед
зад
сцената,
во
волшебниот
свет
на
Андре
Риу.

“Божиќ
е
мојот
омилен
период
од
годината!
Со
овој
албум,
сакам
да
ве
одведам
на
прекрасно
музичко
патување
до
зимската
земја
на
чудата

во
замокот
од
бајкитe
и
светот
на
Дедо
Мраз,
за
да
ја
почувствуваме
убавината
на
сезоната
и
магијата
на
Божиќ.
Долго
време,
мојот
сон
беше
да
одржувам
божиќни
концерти
во
родниот
град
Мастрихт.
А,
во
2019-та
овој
сон
стана
реалност.
Oва
ЦД
и
ДВД
ја
доловува
фантастичната
атмосфера
на
овие
концерти,
како
и
ексклузивниот
поглед
зад
сцената.
Многу
сум
возбуден
што
имам
шанса
да
го
споделам
со
вас!
Ви
посакувам
прекрасна
празнична
сезона,
исполнета
со
многу
музика”,
посочува
Андре
Риу.

Целиот
живот
на
познатиот
виолинист
Андре
Риу
е
исполнет
со
исклучителни
достигнувања,
преку
кои
го
добива
статусот
на
најголем
уметник
во
светот
на
класичната
музика
во
моментов.
Со
над
40
милиони
продадени
албуми
ширум
светот
и
повеќе
од
700.000
продадени
билети
на
годишно
ниво
(во
2018-та
и
2019
година)
не
е
ни
зачудувачки
што
New
York
Times
го
нарекува
“маестро
на
широките
маси”.

Во
декември
2019
година,
над
35.000
фанови
од
целиот
свет,
отпатуваа
во
Мастрихт
за
да
им
се
придружат
на
Андре
Риу
и
неговиот
оркестар
Јохан
Штраус
за
три
незаборавни
и
романтични
вечери
исполнети
со
божиќна
музика.

Со
новиот
албум
на
Риу,
сега
можат
сите
да
уживаат
во
оваа
уникатна
атмосфера
и
прекрасно
концертно
искуство,
од
удобноста
на
нивната
дневна
соба.

Андре
Риу
во
Скопје
одржа
емотивен
и
незаборавен
концерт
во
2019
во
спортската
сала
„Борис
Трајковски“,
а
иако
беше
најавен
негов
повторен
настап
во
ноември
2020,
поради
пандемијата
тој
треба
да
се
случи
во
ноември
2021.

Неговите
настапи
се
многу
повеќе
од
само
музика

раскошни
фустани,
романтични
светла
и
пространи
платна
зад
оркестарот,
заедно
со
бројни
интернационални
солисти
и
сето
тоа
зачинето
со
добар
хумор.
Таму
е
дозволено
да
се
смее,
плаче,
игра,
танцува…
перфектен
спој
за
одлична
забава.