Издавачката
куќа
„Полица“
на
Саемот
на
вчера
го
промовира
своето
ново
издание,
драмски
избор
од
Горан
Стефановски,
кој
ги
опфаќа
драмите:
„Диво
месо“,
„Лет
во
место“,
„Хај-фај“,
„Дупло
дно“,
„Баханалии“
и
„Демонот
од
Дебар
Маало“.

За
драмскиот
автор,
писател,
драматург
и
професор
Горан
Стефановски,
како
и
за
неговите
драми
зборуваше
театрологот
Ана
Стојаноска.
Таа
потенцира
дека
без
Горан
Стефановски
не
постои
македонската
драма
и
театар.

Раскажуваше
за
Горан
Стефановски,
за
нивното
пријателство,
за
дискусиите
што
ги
воделе
за
драмите,
за
тоа
што
е
драмски
автор,
што
значи
тој
за
театарот
воопшто.
Потсети
дека
веќе
две
години
Стефановски
не
е
меѓу
нас,
а
46
години
се
поминати
од
неговиот
влез
во
македонската
драма
и
театар
со
претставата,
односно
со
драмскиот
текст
„Јане
Задрогаз“.

Таа
го
поздрави
објавувањето
на
книгата
и
апелираше
читателите
одново
да
ги
прочитаат,
препрочитаат
драмите
на
Стефановски
и
тие
повторно
се
постават
на
сцена,
низ
македонските
театри.


Ова
е
одлично
време
Горан
Стефановски
да
се
постави
на
сцена,
повторно
и
повторно.
Сето
ова
невреме
ќе
заврши,
кога
тогаш,
и
ние
пак
ќе
се
вратиме
во
театар.
Повеќе
од
потребен
ни
е
да
го
слушаме,
да
го
гледаме,
да
растеме,
да
растат
генерациите
што
доаѓаат
со
неговите
драми.
Исклучително
важен
драмски
автор,
неверојатен
зошто
се
она
што
е
македонска
современа
драма,
македонски
модерен
театар
не
би
постоел
ако
не
постоеше
Горан
Стефановски,
рече
Стојаноска.
Додаде
дека
репликите
од
неговите
драми
на
сите
им
се
познати
и
се
користат
сè
уште.

Даде
предлог
да
има
година
на
Горан
Стефановски
и
сите
македонски
театри
да
постават
по
една
негова
драма.
Смета
дека
тоа
ќе
биде
провакција
за
секој
млад
актер,
режисер,
драмски
автор
и
сл.


https://www.facebook.com/watch/live/?v=331748994547139&ref=notif&notif_id=1599926859853266&notif_t=live_video_explicit


2020-09-1