Вечерва со почеток во 19 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, предавање ќе одржи Марк Басин, професор на Универзитетот „Содерторн“ во Стокхолм и визитинг  професор на универзитетот „Упсала“, како и соработник на Шведскиот институт. Неговите истражувачки интереси се однесуваат на историјата на идеологијата, културата и политичката географија.

Предавањето со наслов „Политизација на пејсажот“ се однесува на семантичките потенцијали на уметничкото прикажување на природата за време на Соц реализмот во Русија.  Ова подразбира дека покрај темите на индустриската обнова и општествена трансформција, природата претставува една од главните перокупации на уметниците, особено во периодот од 1930-тите до раните 1950-ти, кога „Сталинистичката политичка естетика“ тврди дека политичките и општествените вредности можат да се пренесат преку сликите на пејзажот.