Поради големиот снег во Бергамо, дуелот меѓу Аталанта и Виљареал денеска се играше.Данџума уште во третата минута кога постигна гол за водство на Виљареал од 1-0.
Пред крајот на првиот дел Капуе реализираше за предност и од 2-0, а по шест минути игра во вториот дел Данџума со својот втор гол донесе убедливо водство за Виљареал од 3-0.
Во 71. минута Малиновски намали на 1-3, а девет минути подоцна Запата реализираше за 2-3 и надеж дека до крајот на мечот може да се случи чудо, но не се случи. 2-3 беше конечниот резултат.
Манчестер јунајтед и Виљареал продолжуваат во Лигата на шампионите, а Аталанта ќе се префрли во Лига Европа.