Археолошкиот
музеј
овозможи виртуелна
тура
во „Неолитското
село”
 –
музеј
под
отворено
во
археолошкиот
локалитет
Тумба
Маџари
во
Скопје,
кој
сè
уште
е
затворен
за
посетители
поради
коронавирусот.

„Тумба
Маџари
од
2008
година
е
актуелен
со
анимирање
на
јавноста
преку
научни,
едукативни
и
туристички
активности
за
сите
возрасти.
Во
музејот
под
отворено
„Неолитско
село“
се
изградени
неколку
куќи
во
духот
на
неолитската
архитектура.
Во
нивната
внатрешност
преку
копии
на
разновиден
движен
и
недвижен
покуќнински
инвентар,
како
и
сцени
од
секојдневниот
живот,
е
направен
обид
за
реконструкција
на
дел
од
животот
на
неолитскиот
човек
кој
живеел
на
територијата
од
Македонија
и
пошироко
пред
8.000
години“,
соопштија
од
Археолошкиот
музеј.

Локалитетот
се
наоѓа
во
сегашната
населба
Ченто
и
е
најзначајната
неолитска
населба
во
Скопската
котлина.

Откриена
е
во
1961/2
година
во
текот
на
археолошки
рекогносцирања
за
изградбата
на
автопатот.
Денес
тешко
се
забележува
бидејќи
2/3
од
површината
се
окупирани
со
куќи
подигнати
во
доцните
шеестти
и
седумдесеттите
години
на
20.
век.

Тумба
Маџари
бил
економски
и
пред
сè
културен
центар
на
неолитскиот
човек
од
овој
регион.