Режисерите
Милчо
Манчевски
и
Теона
Стругар
Митевска
добија
по
30
милиони
денари
(500
илјади
евра)
од
Агенцијата
за
филм
за
своите
нови
филмови
„Кајмак“
односно
„Најсреќниот
човек“.
Поддржани
се
и
4
дебитантски
долгометражни
проекти,
на
Горан
Столевски,
Димитар
Оровчанец,
Агим
Абдула
и
Андреј
Иливески
Волкашин.

Резултатите
од
прифатените
проекти
во
прв
рок
по
Конкурсот
за
финансирање
на
проекти
за
производство
на
долгометражен
и
краткометражен
игран,
документарен
и
анимиран
филм,
кој
беше
објавен
на
15
јануари,
се
објавени
на



официјалната
страна 
на
Агенцијата
за
филм.

Продуцент
на
„Кајмак“
на
Манчевски
е
„Банана
филм“,
а
на „Најсреќниот
човек“
Митевска
„Сестри
и
брат
Митевски“.
Нивните
филмови
го
добија
максималниот
износ
во
категоријата
долгометражни
играни
филмови
со
мнозински
македонски
удел.

Во
категоријата
долгометражни
играни
филмови
со
мнозински
македонски
удел

дебитанти,
највисока
сума,
23
милиони
денари
(над
370
илјади
евра)
има
добиено
филмот
„Кома“
на
Агим
Абдула
во
продукција
на
„Галактика
пиктурес“.
Следи
„Домаќинство
за
почетници“
на
Горан
Столевски 
со
21.5
милиони
денари
(350
илјади
евра).
Столевски на
Санденс
2018
победи
за
најдобар
краток
филм
со
„Види
ја
ти
неа“.  Димитар
Оровчанец
за
„Убиј
ги
прво
децата“
доби 
20
милиони
денари
(325
илјади
евра),
а
за
„Слатката
горчина
на
зрелите
калинки“
Андреј
Илиевски
Волкашин
доби
19
милиони
денари
(310
илјади
евра).

Долгометражни
документарни
филмови
со
мнозински
македонски
удел
ќе
снимаат
Игор
Иванов-Изи,
Аљоша
Симјановски,
Огнен
Димитровски
и
Сенад
Абдули.
Поддржан
е
и
долгометражниот
документарец
„Планета
на
овците“
на
Марвин
Ентхолд,
со
македонско
малцинско
учество.

Агенцијата
подржа
и
3
долгометражни
играни
филмови
со
малцински
македонски
удел:
„Ескорт“
на
хрватскиот
автор
Лукас
Нола, првата
грчко-македонска
филмска
копродукција
„Зад
стоговите“
во
режија
на
младата
грчка
режисерка
Асимина
Продру,
што
Европскиот
фонд
за
копродукција
и
дистрибуција
на
креативни
кинематографски
и
аудиовизуелни
дела

Еуримаж
ја
поддржа
со
160.000
евра,
како
и
„Живи
и
здрави“
на
црногорскиот
режисер
Иван
Маринковиќ.