Нов
Зеланд

Снимањето
на
продолжението
на
научно-фантастичниот
блокбастер
на
Џејмс
Камерон
„Аватар“
ќе
донесе
стотици
работни
места
и
милиони
долари
на
Нов
Зеланд,
откако
заврши
со
пандемијата
на
коронавирусот,
изјави
продуцентот
на
филмот
за
медиумите.

На
екипата
на
филмот,
меѓу
кои
и
режисерот
Камерон
и
продуцентот
Џон
Ландау,
им
беше
дадена
специјална
дозвола
да
летаат
за
Нов
Зеланд
пред
две
недели,
иако
нејзините
граници
беа
затворени
заради
пандемијата,
предизвикувајќи
коментари
за
неправедниот
третман
во
однос
на
останатиот
дел
од
персоналот.

Но,
Ландау
рече
дека
Нов
Зеланд
има
многу
да
се
добие.

„Оваа
самостојна
продукција
ќе
вработи
400
новозеланѓани
кои
ќе
работат
на
филмот“,
изјави
Ландау
за
1News
откако
излезе
од
хотел
во
Велингтон,
каде
што
тој
и
неговите
колеги
биле
во
карантин
од
пристигнувањето.

„Ќе
потрошиме,
само
во
наредните
пет
месеци,
над
70
милиони
американски
долари“,
рече
тој.

Снимањето
беше
суспендирано
во
март,
малку
пред
Нов
Зеланд
да
влезе
во
карантин
заради
коронавирусот.

Минатата
недела
Нов
Зеланд
ги
укина
сите
ограничувања,
освен
граничните
контроли,
откако
изјави
дека
нема
вирусот
исчезнал,и
е
една
од
првите
држави
во
светот
што
се
врати
во
„нормала“.
На
Нов
Зеланд
беа
потврдени
1.469
случаи,
излекувани
се
1.180
лица,
а
починати
се
19.
Денес,
сепак,
Нов
Зеланд
пријави
први
нови
случаи
на
коронавирус
по
24
дена,
а
се
работи
за
две
жени
кои
пристигнале
од
Велика
Британија
за
да
посетат
родител
на
смртна
постела.

Филмот
е
меѓу
неколкуте
светски
продукции
кои
снимаат
на 
Нов
Зеланд.

Планините,
ливадите
и
шумите
во
Нов
Зеланд
беа
познати
од
трилогијата
„Господар
на
прстените“
и
во
последниве
години
привлекоа
поголем
број
славни
филмски
продукции.

(Ројтерс)